Популарната апликација WhatsApp наскоро ќе поддржува истовремено користење на еден профил на повеќе уреди.
Во јуни се појавија првите назнаки дека WhatsApp работи на нови можности меѓу кои и е користењето на ист профил истовремено на повеќе уреди, а сега се појави и мени кое илустрира како се би можело да работи на десктоп.
Кога новата можност ќе биде достапна, корисниците ќе можат да се пријават на WhatsApp преку веб или десктоп, потоа да ја изберат секцијата Settings и да ја изберат опцијата
Use WhatsApp on other devices. Тука ќе можат да ја видат листата на сите уреди на кои WhatsApp профилот е пријавен.
За одјавување е доволно да се допре еден од прикажаните уреди.
Новата можност се уште не е достапна за тестирање, а оние кои сакаат да ја испробаат кога тоа ќе биде можно, треба да се вклучат во еден од WhatsApp бета програмите. Програмата за Apple уреди е веќе пополнета.
Поврзани артикли