Германскиот железнички гигант Deutsche Bahn (DB) тестира воз на еко дизел, кој наводно ја намалува емисијата на јаглерод диоксид за 90%. Deutsche Bahn започна со испитување на нови одржливи горива во обид постепено да го укине дизелот и да стане климатски неутрална компанија до 2050 година. За таа цел, компанијата тестира воз на еко дизел со значително намалување на емисијата на јаглерод диоксид. Почнувајќи од октомври, возот кој сообраќа помеѓу Westerland и Niebüll, користи вакво гориво целосно или делумно изработено од преработени органски остатоци. DB вели дека се планирани и други тестирања во редовните железнички операции, а моментално во тек се подготовки за поголема употреба на еко дизелот во регионалниот сообраќај на Baden-Württemberg.
„Железницата ќе стане климатски неутрална само доколку се ослободиме од дизелот. Мораме радикално да ја намалиме употребата на фосилни горива, односно да ја доведеме на нула со 2050 година. DB веќе нема да вози ниту едно возило на дизел. Со годишна потрошувачка од над 250 милиони литри дизел, ова е сериозен предизвик и ние се бориме со тоа“, вели Sabina Jeschke, член на одборот за дигитализација и технологија на DB.