Chrome OS би можел да добие темен режим, а засега е забележан во експериментален Canary канал.
Оние кои сакаат да го активираат Dark Mode на својот Chromebook ќе мораат да го инсталираат Canary каналот. Потоа, потребно е да се отвори Chrome и да се внесе chrome://flags/#enable-force-dark and chrome://flags/#enable-webui-dark-mode во URL полето.
Се истакнува дека темниот мод моментно има некои багови, а доколку корисникот успее да го покрене, се имплементира преку целиот кориснички интерфејс, а не само во позадина.
Google досега имплементираше темен режим во бројните свои сервиси, вклучувајќи ги Gmail, Google Calendar, Google Fit, како и во својата мобилна апликација.
Засега не е познато кога Google планира темниот режим за Chrome OS да им овозможи на сите корисници.
Поврзани артикли