Според деталите што ги откри сајтот LetsGoDigital, кинеската компамнија Xiaomi поднела барање за патентирање на флексибилен телефон, што истовремено има и лизгачки екран по вертикала. Патентот само што е одобрен, а регистриран е на 8. април оваа година.
Како што може да се види на фотографиите од патентот, Xiaomi планира уредот да има тенок внатрешен екран, што ќе се отвора во голем четвртест дисплеј. Во врвот на внатрешниот екран се наоѓа и екстерниот дисплеј. Овој надворешен екран може лизгачки да се поместува, а открива звучник и две камери во горниот десен агол.
Главниот систем на камери е сместен на задната страна, на левата половина на телефонот која нема лизгачки екран. Скиците прикажуваат вкупно четири сензори и два мистериозни вертикални слота.
Со оглед на тоа дека патентот само што е одобрен, на Xiaomi сигурно ќе му биде потребно одредено време да ги објави конкретните детали и планови во врска со овој концепт смартфон. Засега нема гаранции дека уредот од патентот ќе биде претворен во комерцијален производ.