На корисниците наскоро ќе им биде олеснето да ги избегнуваат спам робо-повиците, како и другите несакани разговори на телефоните на Samsung. Компанијата склопи договор фирмата Hiya за автоматско блокирање на спам преку својата Smart Call функција.
Со овој потег, компанијата ќе се потпира на Hiya технологијата на детектирање во реално време, а која оди чекор понатаму од чисто обележување на спамерите, кое го користат некои телефони. Потребно е само да се покрене Smart Call од Call Settings секцијата и да се одобри „Caller ID and Spam protection“ функцијата.
Анти-спам функцијата за повици најпрвин ќе биде достапна на уредите како што е Galaxy Note20 серијата, а се очекува дека ќе пристигне на сите нови Samsung телефони што ќе бидат објавени од 2021. година.
Со ова решение Samsung би можел да им обезбеди на милиони луѓе автоматизирано решение за одбрана од измамници и други форми на спам телефонски повици.