Новите iPhone 12 смартфони се првите уреди на Apple што ја поддржуваат 5G мрежата, но користењето на оваа функција значајно влијае на потрошувачката на батерија.
На интернет страницата Tom’s Guide е објавен тест во кој се споредени перформансите на батериите iPhone 12 и iPhone 12 Pro додека користат 4G и 5G мрежа, а резултатите не се сјајни.
Батеријата на iPhone 12 траеше 10 часа и 23 минути при користење на 4G мрежата, а осум часа и 25 минути кога е користена 5G мрежата, што претставува намалување за 20 отсто. iPhone 12 Pro се однесуваше слично, односно батеријата траеше 11 часа и 24 минути на 4G, односно 9 часа и 6 минути на 5G мрежата.
Тестирањето се состоеше од континуирано сурфање на интернет и при светлина од 150 нита. Нова страница е отварана на секои 30 секунди, се додека батеријата целосно не се испразнила.
Тестирани се и други смартфони, iPhone 11 и 11 Pro се однесуваа слично при тестирање на 4G мрежа, батериите им траеја 11 часа и 16 минути, односно 10 часа и 24 минути.
Tom’s Guide ги тестираше и телефоните со Android, кои се покажаа нешто подобро од iOS уредите. Батеријата на Google Pixel 5 траеше речиси идентично на 5G и 4G мрежата, девет часа и 59 минути, односно девет часа и 29 минути. 5G мрежата не влијаеше многу ни на батеријата на OnePlus 8Т теелфонот. Моделите на Samsung, S20 и S20+ поминаа полошо со вклучена 5G мрежа, но сепак подобро во однос на iPhone.
Поврзани артикли