Еден од најважните британски научници, Патрик Валанс, изјави дека коронавирусот веројатно ќе стане трајно заболување како грипот, доколку вакцината против овој вирус не е ефикасна.
Тој вели дека неколку потенцијални вакцини се во завршна фаза на клинички испитувања, но верува дека ниту една нема да може да го искорени вирусот. Според него, идејата за трајно искоренување на коронавирусот е погрешна затоа што само еднаш успеала – сипаници се искорениле само благодарение на високо ефективната вакцина.
„ Вирусот најверојатно ќе продолжи да циркулира и да стане ендемичен“, рече Валанс, кој е член на Националниот комитет за стратегија за безбедност во Лондон.
Тој потсети дека досега развојот на вакцината траел во просек десет години и дека никогаш не е направена за помалку од пет години. Претпоставува дека вакцината нема да биде достапна за голем број луѓе до пролетта.
Неколку вакцини за коронавирус се развиваат ширум светот, а во меѓувреме се заразени 40 милиони луѓе. 1,1 милиони луѓе починале од почетокот на пандемијата, според Универзитетот Џон Хопкинс, пренесува американската телевизија Си-Ен-Би-Си.
Поврзани артикли