Американската вселенска агенција NASA потпиша договор со компанијата Nokia America што се однесува на воспоставување на 4G мрежа на Месечината.
Договорот меѓу NASA и Nokia е вреден 14,1 милиони евра, а грантот е дел од останатите договори вредни 370 милиони долари, потпишани со цел на напредоко на истражувањето и развојот во сферата на истражување на вселената.
Планот на Nokia е да воспостави 4G/LTE мрежа и евентуално да изврши транзиција на 5G мрежата, баш како и на Земјаата. Тоа ќе биде првиот LTE/4G систем на комуникација во вселената, тврди NASA.
Системот би можел да поддржува комуникација на лунарната површина и на голема оддалеченост. Брзината би била поголема, а врската посигурна во однос на актуелните стандарди.
Истражувачката филијала на Nokia, Bell Labs откри уште детали, а тоа е дека целта е да се воспостави мрежа, што ќе овозможи безжични операции на лунарни ровери и навигација, но и видео стриминг. Мрежата ќе биде компактна и ефикасна, специјално дизајнирана да издржи екстремна температура, радијација и вакуум во вселената.
Рокови засега нема, но познато е дека NASA сака да има лунарна база на Месечината до 2028. година.