По бројните гласини и шпекулации, Apple во текот на годинашниот WWDC настан објави дека планира претставување на Mac компјутери со сопствена архитектура на чиповите. Компанијата истакна дека се префрлува на ARM решенија подоцна во текот на годината, а има намера со овој потег да овозможи подобри перформанси и подобра употреба на батеријата на своите уреди.
Сега популарниот дојавувач Џон Просер објави дека Apple планира онлајн настан за 17. ноември, во текот на кој се очекува дека компанијата ќе претстави нов Mac уред заснован на ARM архитектура.
Apple истакна дека дизајнира семејство чипови специјално за Mac и дека тие ќе имаат заедничка архитектура за целосното портфолио производи на Apple. Тоа значи дека iPhone и iPad апликациите ќе можат да се стартуваат на Mac уредите со ARM. Компанијата исто така истакнува дека апликациите и софтверот што биле достапни за Intel-заснованите Mac уреди, ќе бидат компатибилни и за новите Mac уреди, благодарениа на заедничката архитекрура и Rosetta 2 алатка.
Гласините сугерираат и дека не очекува редизајн на MacBook со ARM поддршка. Би можел да се врати и 12-инчниот MacBook, што би имплементирал батерија со работен век до 20 часа. Аналитичарот Минг-Чи Куо очекува дека до крајот на годината ќе почне и производството на MacBook Air модел со Apple Silicon решение, кој би се нашол во продажба следната година.