Најновиот додаток на Google Search за мобилни уреди може да го регистрира пеењето или свиркањето на корисникот за идентификување на песните.
Опцијата „hum to search“ се активира кога корисникот ќе запраша “what is this song?/која е оваа песна?”, а потоа најдобро што може ги интерпретира деловите на песната што му се песната. Google потоа ги презентира песните засновано на процентот на поклопување, за кој пребарувачот мисли дека е најблизок до пребарувањето на корисникот.
Google истакнува дека алгоритамот за machine learning го трансформира звукот во секвенца заснована на бројот, кој потоа го споредува со другите мелодии и пробува да ја пронајде најсиличната. Моделот е трениран од неколку извори, кој ги вклучува и луѓето кој со својот глас или свиркање нудат мелодии, а тука се и вистинските студио снимки.
Hum to search функцијата е сега достапна за Android и iOS Google Search апликациите и поддржува преку 20 јазици.