Амбиците на Samsung на полето на флексибилните телефони одат значително подалеку од моделите како што се Galaxy Z Fold 2 или Galaxy Z Flip. Сајтот LetsGoDigital ја откри и објави пријавата на Samsung за патент во Јужна Кореја, кој опишува флексибилен уред што двојно се свиткува и потсетува на идеите на Xiaomi на ова поле.
Концептот прикажува телефон со проширлив дисплеј, каде двете страни можат да се свиткаат за да се подобри преносливоста и функционалноста на уредот. Samsung го замислува користењето на ваквиот телефон како лаптоп, што може да се свитка и да се носи со себе (веројатно во џеб).
Идеите од патентите често не се имплементираат во конкретен производ, така што не е познато колку Samsung е сериозен во намерите да креира флексибилен уред како овој. Компанијата оригинално ја поднесе пријавата за патентот во 2018. година, а стратегијата на Samsung на полето на флексибилните телефони оттогаш сигурно е променета.
Во секој случај, патентот покажува дека Samsung истражува различни дизајни и решенија на флексибилни уреди кои би можеле да бидат корисни надвор од типичната употреба на паметните телефони.
Поврзани артикли