Иако многумина се понадеваа дека компанијата OnePlus заедно со тукушто претставениот OnePlus 8T телефон би можела да објави и свој паметен часовник, тоа сепак не се случи. Компанијата на Twitter појасни дека прашање на момент е кога паметниот часовник ќе биде претставен.
OnePlus работи на свој паметен часовник уште од 2016. година, а компанијата имаше дури и готов производ, но во последен момент одлучи да не го објави. Тимот очигледно не бил задоволен од крајниот резултат и се сметало дека часовникот не е на ниво на она што го нуди конкуренцијата.
More things are coming to the OnePlus ecosystem. It's just a matter of time? pic.twitter.com/r6RIILU8AQ
— OnePlus (@oneplus) October 14, 2020
Сега OnePlus Twitter профилот објави скици од својот откажан носечки уред, а една од скиците се поклопува со новиот твит што го потврдува кружниот дизајн.
Останува само да се види кога OnePlus Watch ќе биде претставен, а можно е дека дотогаш ќе видиме уште некоја најава и тизери на каракеристиките и дизајнот што се очекуваат на уредот.