Воведувањето на двата нови мода е последица на тенденцијата за поголемо поврзување на корисниците на Facebook со нивните пријатели кои го преферираат Instagram.
Следејќи го неодамнешниот редизајн на Facebook, и популарната чет апликација Messenger со последното ажурирање доби нов изглед и неколку нови унапредувања.
Апликацијата за почеток доби редизајнирано лого, нови позадински чет теми, како и двата нови начина на работа, селфи стикери (selfie stickers) и вениш (vanish) мод.
Today, Messenger gets a new look to reflect all the new features that make it easier and more fun to hang out with your favorite people on your favorite apps and devices. #NewMessenger
Posted by Messenger on Вторник, 13 октомври 2020
Воведувањето на двата нови мода е последица на тенденцијата за поголемо поврзување на корисниците на Facebook со нивните пријатели кои го преферираат Instagram.
Новата икона од „чисто“ сина стана сино-виолетова, со премин на боите во стилот на Instagram, што би требало да укаже на тоа дека со поврзувањето на апликациите самата комуникација станува подинамична и позабавна.
Можноста на менување на теми во позадината на четот им дава на корисниците поголема можност за персонализација, селфи стикерите овозможуваат додавање на икони на фотографиите, а „vanish mode“ бришење на преписките.
Add some personality to your conversation! With new chat themes and colors, you can switch things up and give your threads a custom look. #MessengerProTip #NewMessenger
Posted by Messenger on Четврток, 15 октомври 2020
Се очекува дека можноста за комуникација со корисниците на Instagram од самата апликација ќе стане достапна наскоро, но на почетокот само за корисниците од Северна Америка.