Кинескиот ѕид бил граден со векови – првите обиди за одбрана од напади настанале уште во петтиот век п.н.е., а изградбата била продолжена сè до 17-ти век.
Најпознатите делови на ѕидот сепак се градени во периодот на 15-ти и 17-ти век за време на династијата Минг кога ѕидот го добил својот препознатлив облик кој што денес најчесто го гледаме на фотографиите.
Некои историчари тврдат дека ѕидот го граделе речиси два милиони работници и дека многумина од нив завршиле со фатални последици поради изгладнетост, умор или пак некаква несреќна околност.
Кога целиот ѕид бил поврзан, се протегал на површина од 8.851 километар, со просечна висина од 15 метри, а ширина од 7 метри.
УНЕСКО во меѓувреме го ставила под своја заштита, а тој до денес остана една од најфасцинантните градби создадени од човечка рака.
Секако, за една таква градба се врзуваат многу легенди. Истите се прераскажуваат од генерација на генерација, а една од нив е приказната за храбрата девојка Менг Лианг Ну, која што се заљубила и венчала со Фан Килианг.
Таа иако сакала да го сокрие својот сопруг од кинеските власти кои што барале работна сила за градење на ѕидот, сепак него го однеле токму за таа цел.
Менг со години не слушнала никакви вести за него, па одлучила да го посети.
На долгото патување кое што траело две години, таа наишла на многу природни препреки, но конечно дошла до делот од ѕидот на кој што работел нејзиниот сопруг. За жал, поминала толку голем пат само за да дознае дека нејзиниот сопруг починал од исцрпеност.
Слушајќи го тоа, Менг не можела да ги задржи своите солзи, плачела три дена, а легендата вели дека токму нејзините солзи успеале да срушат дел од ѕидот.
Легендата за Менг и Фан покажува колку многу луѓе платиле со своите животи за градењето на Кинескиот ѕид, работејќи во ужасни услови.
Исто така постои морничава приказна дека сите тие мртви тела се соѕидани во кинескиот ѕид и дека истите станале дел од туристичката атракција која што секоја година ја посетуваат милиони патници од светот.
Извор: Dnevnik.hr