Многу веројатно дека  вашиот инструктор ве учел никогаш да не сопирате со левото стапало, а многу веројатно и така практикувате. Но…

Се чини дека има и многу важни причини да се обидете да сопирате со левото стапало. Вајат Нокс од рели школа одлучил да сподели пет причини кои го поддржуваат ова тврдење.

Нокс забележува дека сè се врти околу „економијата на движењата“. Во суштина, тоа значи заштеда на скапоцени секунди ако левото стапало е веќе на сопирачката – наместо да го придвижувате десното стапало, а воедно и побрзи при сопирање и поефикасни при притискање на педалата за гас.

Погледнете го видеото во прилог: