Притисок врз цените на Nand Flash меморијата пристигнува од различни страни како што се приближуваме до крајот на 2020. година. Според новиот извештај што го објави TrendForce, моментно постои презаситеност на пазарот со Flash меморија, што влијае на пад на цените.
Два главни фактора се клучни за падот на цените: неможноста на Huawei да купува странски NAND поради санкциите од САД, односно другите клиенти веќе ги пополнија залихите со Flash меморија во своите инвентари. Покрај ова, тука се дополнителните влијанија на намалената побарувачка од производителите на серверите, според наводите на истражувачката компанија TrendForce.
Податоците од NAND Flash пазарот сугерираат дека тренд цената ќе оди кон пад од 10 проценти во текот на четвртиот квартал, додека во истиот период цената на SSD дискови ќе забележи пад од 10-15 проценти. Во текот на првото тримесечје на 2021. година, NAND flash цените ќе паднат за дополнителни 10-15%, а слично се очекува и за SSD дисковите.
TrendForce прогнозира пад на цените и за DRAM, но тој ќе биде нешто помал и помалку значаен во однос на она што се очекува за SSD.
Поврзани артикли