Android телефоните сега можат да ве известат кога ќе откријат одредени звуци. Ова може да им го олесни животот на луѓето кои се глуви или наглуви, информирајќи ги за важните звуци во близина.
Ако ја вклучите функцијата наречена Sound Notifications, Android телефонот може да ве извести за некои звуци преку push известувања, светлото на блицот на камерата или со тоа што вашиот телефон ќе вибрира. Другите уреди исто така поддржуваат звучни известувања, вклучувајќи ги и уредите со Wear оперативниот систем, што можат да испраќаат звучни известувања преку текстуелните известувања со вибрации. И тие работат целосно офлајн.
Google вели дека Sound Notifications можат да препознаат десет различни звуци:
Аларми за чад и пожар
Сирени
Викање
Бебешки звуци
Sвончето на врата
Чукање
Лаење на куче
Звучен сигнал на апаратите за домаќинство
Звукот на проточна вода
Sвонче на фиксниот телефон
Звучните известувањата се веќе инсталирани на Pixel телефоните Pixel и може да се вклучат од менито за пристапност во поставките. Оваа функција може да се добие и со преземање на апликацијата Live Transcribe на Google, која може во реално време да го транскрибира звукот што го „слуша“.