Microsoft објави ново ажурирање за Microsoft Edge Canary, а со него пристигна и новата функција што им овозможува на корисниците да ги вметнат саканите веб-страници директно во таскбарот на Windows 10.
Опцијата веќе претходно се појави во рамките на EdgeHTML варијантата и сега пристигна и на Microsoft Edge Canary 77.0.197.0. За да може да се пинува некоја страница, потребно е да кликнете на трите точки покрај лентата за адреси во прелистувачот, и потоа на „More tools“ и конечно на „Pin to taskbar“ опцијата
Кога ќе се направи тоа, корисникот добива можност да го смени името на страницата, со цел подоцна да се потсети зошто ја зачувал. Потоа, сите зачувани страници ќе се појават во рамките на App листата, а ќе се прикажуваат како и секоја друга апликација. Корисниците, исто така, ќе можат да ги пинуваат и на Start, Open file location, Remove from this list, и ако посакаат, да ги деинсталираат.
Новата Edge верзија со оваа функција е достапна само за корисниците на Canary каналот.