Популарната социјална платформа Instagram наскоро ќе објави нова функција за видео и гласовни повици која ќе ја зголеми функционалноста на апликацијата и ќе излезе од традиционалниот фотоцентричен формат, пренесе TechCrunch.

Во мрежата се појавија информации од APK фајл, што содржи неколку икони и други референци кои укажуваат на нови функции. Сите тие носат имиња „voice call“ и „video call“, што е повеќе од доволно за да се претпостави што не очекува.

Snapchat, кој е најголемиот конкурент на Instagram, сега нуди гласовни и видео повици, па нивната појава тука е сосема логичен тек на настаните. Најверојатно, кога функцијата ќе почне да функционира, ќе биде достапна во Direct – апликацијата за соопштенија на Instagram.

Ова ги зајакнува неодамнешните гласини дека социјалната мрежа веќе ја тестира оваа функција, но се чини дека тоа се случило само во рамките на компанијата.

Во моментов Instagram е втората најпопуларна социјална мрежа во САД по Facebook, во чија сопственост е.