Facebook соопшти дека ќе ги отстрани објавите за следење на изборниот процес во САД кои користат „милитаристички речник“ или имаат за цел да ги заплашат гласачите или официјалните лица.
Најголемата социјална мрежа најави дека ќе одговори ако кандидатите или партиите прерано прогласат победа пред истата да биде објавена преку главните медиуми или ако бидат објавени проценки и известувања за моменталната состојба на изборите.
Facebook соопшти и дека привремено ќе прекине да објавува политички огласи откако ќе бидат затворени избирачките места на 3 ноември.