Новите конзоли PlayStation 5 и Xbox Series X наскоро ќе се најдат во продажба, а компанијата 2K Sports покажа како ќе изгледа видеоиграта NBA 2K21.
Новиот трејлер открива дека играта има многу повеќе детали, подобрен е изгледот на кошаркарите, публиката, но и графиката.
Играта NBA 2K21 ќе биде достапна од почетокот на продажбата на конзолите, односно од 10. ноември за Xbox Series X и Series S и од 12. ноември за PlayStation 5. Играта ќе чини 70 долари, односно 100 доколку се купи Mamba Edition верзијата, што вклучува пристап од новите старите системи.