Кинеската компанија Realme во текот на септември ја претстави својата X7 линија смартфони, а изгледаше дека телефоните ќе бидат достапни само во Кина, бидејќи не беше спомената меѓународната достапност.
Сега Realme X7 Pro е сертификуван и во Тајланд, а телефонот со ознака на модел RMX2121 и името Realme X7 Pro 5G е официјализиран од NBTC агенцијата.
Самиот листинг не открива детали за спецификациите, но бидејќи кај моделот не неизменет се очекува дека смартфонот ќе ги има истите карактеристики како и моделот за пазарот во Кина, што пристигнува со Dimensity 1000+ чипсет.
Останува да се види кога Realme X7 Pro и останатите модели од оваа линија ќе почнат да се појавуваат на другите пазари.
Поврзани артикли