На пазарот се уште не постојат премногу Windows 10 компјутери или лаптопи со ARM процесори. Оние кои поседуваат вакви уреди наскоро ќе можат да стартуваат 64-битни x64 апликации на нив.
Microsoft истакнува дека конечно ќе почне да испорачува x64 емулација до WIndows Insider тестерите во текот на ноември.
Windows 10 веќе некое време е во состојба да емулира 32-bit x86 апликации на ARM, заедно со 32-битни и 64-битни апликации. Поддршката за x64 емулација на овие системи ќе им овозможи да покренуваат поширок спектар на софтвер. На тој начин, Windows компјутерите и лаптопите засновани на ARM, ќе имаат подобра употребна вредност.
Неколку производители, вклучувајќи го и Apple, преминуваат на ARM архитектурата со надеж дека ќе можат да креираат уреди (воглавно лаптопи) кои имаат супериорен работен век на батеријата во однос на она на што сме навикнати.
Поддршката за што е можно повеќе апликации е исто така битна при преминот на ARM, па охрабрувачки е да се види дека Microsoft почнува со испорака на својот x64 емулатор.