Објавата на годинашната Mate 40 линија смартфони е одложена поради санкциите што САД му ги наметнаа на Huawei. Веќе се појавуваа гласини за тоа дека Mate 40 серијата ќе биде официјално претставена кон средината на октомври, а сега нови протечени информаци сугерираат дека тоа ќе се случи на 15. октомври.
Huawei се уште не најави ништо официјално кога е во прашање Mate 40 серијата. Се нагаѓа дека серијата ќе ја сочинуваат дури четири уреди: Mate 40, Mate 40 Pro, Mate 40 Pro+ и Mate 40 PS Porsche Design.
Новите информации, исто така, сугерираат дека глобалната објава на Mate 40 серијата ќе биде одржана на 17. октомври. Претходно се појавуваа вести дека телефоните од Mate 40 серијата на интернационалните пазари би можеле да пристигнат дури во текот на 2021. година, додека на пазарот на Кина ќе се продаваат на 22. октомври.
Гласините од претходно споменуваа дека Huawei Mate 40 ќе има Kirin 9000E чипсет, додека Mate 40 Pro моделите и RS Porsche Design би можеле да го користат помоќниот Kirin 9000 чипсет.