Google вчера ги претстави своите Pixel телефони, што ќе работат на Android 11, но тоа сепак не е првиот уред што почна да се продава со најновата верзија на оперативниот систем. Vivo V20 почна да се продава во Азија, а наскоро треба да се појави и на европскиот пазар.
Кинеската компанија нуди три модели V20 SE, V20 Pro и стандардниот модел што ќе работи на Snapdragon 720G чипсет, како и 128GB простор за складирање, што можете да го надградите со MicroSD картичка. Големината на OLED дисплејот изнесува 6,44 инчи, а уредот поседува и сензор за отпечатоци од прсти. Единствено не се познати за спецификациите за моделот V20 Pro.
Предната камера ќе има 44 мегапиксели, доека задниот модул го сочинуваат три камери, главна од 64MP, широкоаголна камера од 8 мегапиксели, како и една од 2 мегапиксела. Постојат информации дека во Индија ќе се продава модел со две предни камери, но треба да се почека официјална потврда. V20 SE ќе има полоша камера во однос на стандардниот модел, 32 мегапиксели предна, 48MP задна камера, додека преостанатите две ќе бидат исти.
The new #vivoV20 is so slim that your pockets will have space left to spare. Destined to #DelightEveryMoment, #ComingSoon. #vivoV20Series pic.twitter.com/N8bKFWmQVE
— Vivo India (@Vivo_India) September 30, 2020
Батеријата на Vivo V20 има капацитет од 4000 mAh и доаѓа со полнач што брзо се полни од 33 вати, a влезот е USB-C. Овој производител објави видео за индискиот пазар што покажува колку е тенок овој уред, а тежи само 171 грама. Vivo 20 ќе работи на Android 11 оперативниот систем, што го носи името Funtouch.
Паметниот телефон ќе дојде во три бои, цената ќе биде околу 285 евра.