Американецот Тимоти Реј Браун, кој е првиот човек излекуван од ХИВ, почина во Калифорнија по петмесечна борба со леукемијата, изјави неговиот партнер Тим Хофген.
Браун почина на 29 септември, а со него беа и Хофген и пријателите.
„Со голема тага објавувам дека Тимоти почина по петмесечна борба со леукемијата“, напиша Хофген на „Фејсбук“.
Тимоти Реј Браун е роден во 1966 година и е познат како берлински пациент кога во 2007 година се излекува од ХИВ во Берлин благодарение на специјалната трансплантација на коскена срцевина.
Медиумите претходно објавија дека Браун боледува од рак во последна фаза.
Поврзани артикли