Претходно во текот на овој месец, Realme во текот на IFA саемот ги најави плановите што компанијата ги има за европскиот пазар во следните години. Дознавме дека брендот има за цел да биде меѓу најсилните пет смартфон компании до крајот на 2021. година и дека ќе посвети повеќе внимание за засилување на своето присуство во Европа.
Realme во август го најави својот 125W UltraDart полнач, а сега Madhav Sheth (Realme CEO за Индија и Европа) потврди дека новиот полнач ќе дебитира со претстојниот телефон на Realme на пазарот во Европа. Не е истакнато за кој смартфон се работи.
Компанијата тврди дека UltraDart полначот може да наполни 4000mAh батерија од-33% за три минути. Исто така, полначот е компатибилен со најголемите стандарди и поддржува повеќе протоколи, вклучувајќи ги 125W PPS, 65W PD и 36W QC.