Компанијата Xiaomi во Кина претстави два 82-инчни телевизори од Mi Master серијата. Премиум моделот во рамките на оваа понуда е Xiaomi Extreme Commemorative Edition. Телевизорот има 8K панел со mini-LED технологија, која на дисплејот му дава 960 зони на контрола на светлото на површината на екранот. Технологијата овозможува и поголем контраст на сликата, како и помала вкупна потрошувачка.
Покрај наведеното, Extreme Commemorative Edition има 120Hz освежување на дисплејот со MEMC (Motion Estimation, Motion Compensation) технологија, 98% покриеност на DCI-P3 спектарот на бои и вграден медиа плеер. Телевизорот го покренува Novatek чипсет, со 4GB RAM и 256GB простор за складирање. Тука е и 5G конекцијата, Gigabit LAN порт и HDMI 2.1 порт.
Поевтиниот Mi TV Master има 4K резолуција, со 120Hz освежување и MEMC технологија. Ова би требало да го направи подобрен за Xbox Series X или PlayStation 5 конзолите. Тука е и HDMI 2.1, како и Dolby Vision поддршката. Поддржани се 93 проценти од DCI-P3 спектарот на бои. ТВ уредот го покренува MediaTek чипсет, со 4GB RAM и 64GB простор за складирање.
Очекувано, 82-инчните 8K телевизори имаат висока цена. На кинескиот пазар, Extreme Commemorative Edition моделот ќе се продава по цена од околу 7327 долари, додека цената на 4K моделот изнесува околу 1465 долари.
Поврзани артикли