Во Атланта е претставен специјален дрон што прв ќе пристигнува на местото на несреќата.
Компанијата Sonin Hybrid разви дрон кој ќе може да лета со брзина од 225 км/ч, наменет за службите кои пристигнуваат први на местото на несреќата. Дронот е наречен Sonin Hybrid Recruit и освен брзината, има уште една предност. Тоа е технологијата која му овозможува да полни батерии во текот на летот. Дронот може да лета подолго од три часа и е три пати побрз од моментално најбрзите комерцијални дронови.
Употребата на дронови е широко распространета меѓу полицијата, пожарникарите, војската, но нема многу дронови дизајнирани специјално за службите кои први пристигнуваат на местото на несреќата. Тоа е така поради ограничувањето на батериите, кои мора да се полнат по краток период.
Меѓутоа, Recruit дронот користи систем на бензин и батерија, а кој му овозможува да се полни во текот на летото. Опремен е со 4K камера со 3x оптички и 12x оптички зум со фиксно и мобилно следење, а тука е и FLiR инфрацрвената камера за користење ноќно време. Исто така, поседува звучници и дополнително осветлување.
Конструкцијата на дронот е направена од карбон.
Компанијата Sonin Hybrid е во процес на стартување на бета програма со полицијата и пожарникарите ширум САД.
Извор: Klix.ba