Amazon креираше дрон со многу мали димензии што има камера, а кој може да се користи во внтарешноста нма куќата или станот. Првенствено е употреблив како алармен систем што се активира во случај на кражба.
Доколку се случи провалувањето, системот се активира и дронот почнува да лета. Поврзан е со мобилниот телефон на кој се емитува снимката, така што е можно да се види кој го извршил грабежот.
Од Amazon тврдат дека камерата на дронот се вклучува тогаш кога ќе почне да лета, а дотогаш е исклучена. Од компанијата укажуваат дека дронот може да се движи по однапред зададена патека или може да се контролира во даден момент.
Ќе чини 250 долари и засега ќе се продава само во Соединетите Американски Држави.
Меѓутоа, поединци предупредуваат на можните негативни последици на користењето на ваквиот уред. Некои од организациите сметаат дека со ваков уред може да се наруши приватноста на луѓето, односно дека се овозможува надзор над луѓето.