Microsoft изгледа дека стана жртва на уште протекување на податоци, кога се во прашање оперативните системи на компанијата. Според наводите на BleepingComputer, на интернет почнаа да се делат изворните кодови за WIndows XP, како и за Windows Server 2003.
Microsoft во минатото беше тема на протекување на различни информации, вклучувајќи ги информациите за Windows 2000 верзијата во текот на 2004. година. Нешто поскоро имавме прилика да го видиме Windows NT 3.5 изворниот код, како и код за оригиналниот Xbox.
Комплетниот пакет што протече сега, вклучува информации за споменатите системи, како и изворни кодови за MS-DOS 3.30, MS-DOS 6, Windows CE 3, 4 и 5 и друго.
Слично како и со претходните протечени фајлоци, најновите фајлови веќе со години циркулираат помеѓу хакерите, но сега прв пат се поделени јавно. Покрај изворните кодови на споменатите верзии на Windows, засебен пакет само со Windows XP и Windows Server 2003 верзиите, исто така, може да се пронајде онлајн.
Microsoft се уште не потврди дали протечените податоци се автентични.
Поврзани артикли