Китовите се способни да нуркаат и на длабочина од три километри, ловејќи лигњи и риби…
Биолозите останале изненадени откако клунест кит со еден здив успеал да помине речиси четири часа во длабочините на водата – нуркајќи. Неочекуваното набљудување покажало дека научниците имаат уште многу работи кои што треба да ги проучат и научат за китовите.
Научниците од Универзитетот Дјук и истражувачкото здружение „Каскадија“, забелжале неверојатно нуркање на китовите на крајбрежјето на Северна Каролина. Клунестиот кит со ознака „ZcTag066“, направил две рекордни нуркања, овојпат останувајќи само три часа под вода, откако вдишил воздух на површината. Една седмица подоцна, китот се надминал сам себеси, задржувајќи го својот здив три часа и 42 минути под вода.
„Прво не верувавме затоа што китовите се цицачи, а било кој цицач да помине толку многу време под вода е неверојатно“ – велат научниците за порталот Gizmodo. Инаку, китовите нуркаат и на длабочина од три километри, ловејќи лигни и риби.
Научниците истакнуваат дека овие две нуркања се најдобар показател колку всушност овој вид китови може да помине време под вода, само со едно вдишување.
Клунестите китови се многу плашливи затоа што развиле фасцинантна стратегија за избегнување на предаторите – особено орките.
„Поради тоа што поминуваат толку малку време на површината, беше потребно морето да биде мирно и искусните набљудувачи да трагаат по нив. Тие просечно поминуваат околу две минути на површината“ – објаснува Квик.
Извор: Srbija Danas
Поврзани артикли