Руската државна корпорација „Ростех“ претстави прототип на базна станица за мобилна мрежа од петтата генерација 5G развиена од домашните експерти.
Според првиот човек на „Ростех“ Сергеј Чемезов, корпорацијата ќе биде координатор на деловната соработка на дизајнерот и производителите на 5G опрема во Русија.
Вложувањата во развојот и воспоставувањето производствена линија на опрема за изградба на 5G комуникациска мрежа би требало да изнесуваат 40 милијарди рубли.
„Развојот на прототип на руска базна станица зборува за тоа дека Русија има шанси да излезе на светскиот пазар за комуникациска опрема за 5G мрежа и да го заземе своето место на тој пазар. Меѓутоа, разработката на комерцијална опрема и изградбата на комплетна 5G мрежа во Русија ќе бараат години работа, десетици милијарди рубли и тесна соработка на сите производители“, рече Василиј Бровко, еден од раководителите во „Ростех“ и копретседател на Архитектонскиот совета за развој на 5G во Русија.
Во овој момент на руска 5G базна станица се работи и во истражувачкиот центар „Глобални безжични комуникациски системи“, соопштија претходно од автономната непрофитна организација „Дигитална економија“. Компанијата планира во ноември да започне со тестирање на макета на базна станица. Комплетно би требало да биде завршена 2021-2022 година, а во 2023 се планира почеток на производството.
Извор: Russia Beyond
Поврзани артикли