Благодарение на работата на климатските истражувачи при Светската метеоролошка организација (WMO) бил откриен нов рекорд за најстудена температура на северната хемисфера на сите времиња, која била измерена во 1991. година на Гренланд и изнесува -69,6 степени Целзиусови.
Тоа е за два степени постудено во однос на досегашните познати записи, пренесува британски Guardian.
Пребарувајќи ги архивите од топлотните записи на WMO од метеоролошките станици, истражувачите откриле дека најстуденото отчитување на температурата го забележала автоматската метеоролошка станица на Гренланд кон средината на зимата пред речиси 30 години и дека таа била речиси за два степени Целзиусови постудена од претходно познатите записи.
Станицата Клиник на Гренланд, во близина на врв на ледена плоча, забележала -69,6 степени Целзиусови на 22. декември 1991. година, што е значително пониско од отчитувањето во однос на -67,8 степени Целзиусови забележани во Верхојанск во Русија во февруари 1892-ра година и во Ојмјакон во Русија во јануари 1933. година.
Најниската температура во светот е забележана, меѓутоа, на јужната хемисфера на 21. јули 1983. година во станицата во Восток на Антарктикот и изнесува -89,2 степени Целзиусови.
Извор: Mondo.rs