Филијалата на Xiaomi, POCO претходно овој месец го претстави Poco X3 NFC, а сега брендот во Индија го објави истиот модел на телефон, но без NFC поддршка и со поголема батерија.

Poco X3 пристигнува со 6000mAh батерија (наспроти 5160mAh, колку што има NFC варијантата), а поддржува исто брзо полнење од 33W.

Со исклучок на споменатите разлики, остатокот на спецификациите на двата Poco X3 модели е ист и вклучува Snapdragon 732G чипсет, 6.67-инчен FullHD+ 120Hz LCD екран, сензор за отпечатоци од прсти од страна на рамката, два стерео звучника и USB-C порт.

За фотографирање, Poco X3 ќе користи вкупно пет камери: 20MP селфи од предната страна, 64MP главна камера на задната страна, заедно со 13MP ултраширок, 2MP макро и 2MP сензор за длабочина.

Телефонот користи MIUI 12 интерфејс, заснован на Android 10, а има три опции на меморија и простор за складирање: 6GB/64GB, 6GB/128GB и 8GB/128GB. Ќе биде достапен во Shadow Gray и Cobalt Blue варијанти, по почетна цена од 230 долари.