Кинеската компанија Realme официјално го претстави Realme C17 телефонот, што ќе биде достапен и глобално. Уредот го карактеризира голем дисплеј, голема батерија со поддршка за брзо полнење и четири камери на задната страна.
Realme C17 користи 11nm Snapdragon 460 чипсет, со 1.8GHz осмојадрен процесор, заедно со 6GB RAM и 128GB простор за складирање податоци.
Дисплејот од 6,5 инчи има HD+ резолуција и стапка на освежување од 90Hz. Селфи камерара е сместена во punch-hole oтвор наместо во засек, што значајно го зголемува screen-to-body односот на телефонот.
На задната страна се наоѓаат четири камери, поставени во L-формација. Тука се 13MP f/1.8 главен сензор, 8MP ултраширок, како и по 2MP макро и монохромните сензори. Телефонот го напојува 5000mAh батерија со поддршка за полнење до 18W.
Realme C17 ќе биде достапен во Lake Green и Navy Blue варијанти, по цена од околу 190 долари. Интернационалната достапност на телефонот ќе биде накнадно објавена.