Американски судија го блокираше обидот на американската Влада да ја забрани кинеската апликација за плаќање и испраќање пораки WeChat.
Судијката од Сан Франциско, Лорел Билер изјави дека забраната на оваа апликација иницира сериозни прашања во врска со Првиот амандман на американскиот Устав, кој гарантира слобода на говор, пренесува BBC.
Таа го блокираше барањето на Министерството за трговија, Apple и Google да го отстранат преземањето на апликацијата што требаше да се случи до синоќа.
Случајот дојде до суд откако група корисници на WeChat во САД ја оспорија извршната наредба на претседателот Доналд Трамп, кој се обиде да ја укине апликацијата во земјата.