Американскиот претседател го одобри договорот помеѓу апликацијата TikTok и американската компанија Oracle!
Претседателот на САД, Доналд Трамп го одобри договорот што ќе овозможи TikTok и натаму да се користи во Америка, благодарение на новата компанија TikTok Global, со која би управувале Американците.
Претсефателот истакна дека овој договор гарантира „стопроцентна безбедност“, откако американските претставници искажаа страв во врска со пристапот до податоците на корисниците од страна на кинеските власти. Ројтерс во четвртокот пренесе дека новата компанија TikTok Global ќе има поголем број американски директори, американски извршен директор и безбедносен експерт.
Трамп истакна дека TikTok Global во целост ќе биде контролиран од компаниите Oracle и Walmart и дека нејзиното седиште ќе се наоѓа во Тексас.
Компанијата наводно се сложила да донира 4,2 милијарди евра во фондот за образование на САД. Други детали од договорот се уште не и се соопштени на јавноста.
Поврзани артикли