Google претстави нова фунцкија во својата апликација Меет, каде што корисниците сега можат да гледаат до 49 луѓе истовремено.
Покрај тоа, компанијата додаде и можност домаќинот на состанокот да се види како tile на повикот.
Двете функции сега им се достапни на сите G Suite купувачи и корисници со лични Google сметки. „Со додавање на себе како tile во текот на состанокот, доведува до тоа да се чувствувате повеќе како дел од поголема група“, истакна Google на својот блог.
Со ова лансирање, корисниците на Meet ќе можат да го користат слајдерот за подесување на бројот на tile-овите што ги гледаат. „Можеби ќе сакате да го зголемите на максимум кога имате голема група или да го намалите бројот ако имате слаба интернет врска“, извести Google.
Подесувањето на слајдерот се специфични за секој состанок и ќе се ресетира помеѓу состаноците. Функциите се достапни само во Meet на веб.
Поврзани артикли