Кинескиот министер за наука и технологија Ванг Џиганг изјави дека земјата во моментов спроведува клинички испитувања на 11 вакцини против вирусот Ковид-19 и додаде дека четири вакцини веќе влегле во третата фаза на тестирање.
Тој на здравствениот форум во Пекинг оцени дека епидемијата сè уште се шири низ целиот свет и дека не е целосно под контрола, како и дека може да има ново зголемување на случаите во есен и зима, пренесува TАСС.
Тој додаде дека Кина и доставила навремени информации за коронавирусот на Светската здравствена организација, што обезбедило важна основа за истражувачите ширум светот да спроведуваат медицински студии и да развиваат фармацевтски производи.