Honor веќе има неколку лаптопи во рамките на својата понуда, а во прашање се моделите од MagicBook линијата. Сега компанијата го претстави и својот прв гејминг лаптоп – Hunter V700. Лаптопот го карактеризира складен дизајн од алуминиум и RGB осветлено лого, како и способни вентилатори. Тука е и тастатурата со целосна големина.
Hunter V700 ќе биде достапен во две варијанти, двете со 10. генерација Intel процесори (Core i5-10300H и i7-10750H). GPU е изборот меѓу Nvidia GeForce GTX 1660 Ti и RTX 2060 моделот. Двете верзии на лаптопот пристигнуваат со 16GB DDR4 RAM и опции за складирање помеѓу 512GB и 1TB NVMe SSD.
Лаптопот користи 16.1-inčni IPS LCD екран, со стапка на освежување од 144Hz, додека рамките околу екранот се со дебелина од 4,7 милиметри. Панелот има 1920 x 1080p резолуција и поддржува 100% sRGB спектар на бои. Тука е и Nahimic 3D Audio за подобар звук во поддржаните игри.
Еден од сегментите каде што Hunter V700 има цел да биде посебен е системот за управување со ладењето. Лаптопот користи “Wind Valley” дизајн што ги отвора внатрешните вентилатори кога уредот во целост ќе се расклопи и се потпира на околните површини за одведување на топлината. Постојат два 12V вентилатора, а Honor тврди дека лаптопот има подобра контрола на температурата од конкурентните уреди.
Засега Hunter V700 ексклузивно се нуди на пазарот на Кина и нема информации дали ќе биде достапен глобално. Цената за Core i5/512GBSSD/GTX 1660 Ti GPU моделот изнесува околу 1110 долари, Core i7/512TB SSD/RTX 2060GPU чини околу 1257 долари, додека 1TB SSD варијантата има цена од околу 1480 долари.
Поврзани артикли