Facebook повеќе нема да им препорачува на корисниците одредени здравствени групи на таа социјална мрежа, соопшти компанијата во обид да ги спречи дезинформациите кои се објавуваат во такви групи.
Исто така, Facebook смета дека корисниците треба да ги добијат вистинските здравствени информации исклучиво од веродостојни извори.
Минатата година компанијата отстрани повеќе од милион групи кои ја нарушија политиката на Facebook со дезинформации и штетни содржини, објавено е на блогот на Facebook.
Компанијата исто така започна да ги отстранува дезинформациите за пандемијата на коронавирусот, кои би можеле да бидат исклучително штетни.