Научниците од Државниот универзитет во Тјумен откриле дека микрокапките што лебдат над загреаната површина на водата може да се соберат во структури со „забранета“ симетрија.
Таквaта појава ќе помогне подобро да се разбере како се однесуваат бактериите во аеросолите, па дури и вирусите слични на САРС-КоВ-2, кои предизвикуваат пандемија на Ковид-19.
„Бактериите и вирусите се пренесуваат на долги растојанија по аеросолен пат. Сепак, невозможно е да се фокусирате на капка аеросол под микроскоп за да испитате како се однесуваат микроорганизмите“, изјави Михаил Носоновски, научен соработник на лабораторијата за микрофлуидни технологии на Институтот за еколошка и земјоделска биологија, и професор на Универзитетот „Висконсин“ во Америка.
Научниците формирале кластери на капки со ласерско загревање на површината на водата. Нивното внимание го привлече група од триесетина капки. Се покажа дека обликот на мали гроздови не мора да биде само шестаголен, како во саќето на пчелите.
„Видовме нетипични и ’забранети’ форми: квадратни, петаголни и седумаголни. Доволно е да се додаде само една капка за целосно да се промени структурата на целиот грозд. Со такви мали гроздови полесно е да се работи – колку помалку капки, толку полесно се следат“, објасни Носоновски.
Приоритетната задача на научниците е да создадат единствена технологија за истражување микроорганизми на ниво на одделни аеросолни микрокапки што се следи со текот на времето.
Ова истражување е поддржано од Руската фондација за наука.