Sony A7 серијата фотоапарати без огледало ги краси релативно компактен дизајн, но компанијата во својата понуда има и покомпактни модели. Ова кај фотографите креира недоумици доколку ја сакаат силата на A7 серијата, но во помало куќиште. Решението на овој проблем би можел да биде тукушто објавениот Sony A7c модел.
Sony A7c претставува фотоапарат без огледало, со целосен формат, кој е сместен во компактно куќиште, слично на она за Sony A6000 серијата. Го карактеризира 24.2 MP full-frame сензор, со in-body стабилизација на сликата.
Јапонската компанија го креирала фотоапратот за влогерите и видеографите, кои сакаат видеото од висок квалитет да го креираат со мали апарати. Уредот тежи 509 грама (100 грама полесен од A7 III моделот). Го користи истиот сензор како и A7 III, но има дисплеј што ќе им биде од корист на влогерите.
Sony A7c е способен за снимање во 10 fps, има ISO распон од 100 до 51.200, тука е поддршката за USB-C, автофокус со фазна детекција и друго.
Фотоапратот има почетна цена од 1800 долари (без објектив), а на пазарот ќе се најде од октомври.
Поврзани артикли