Според наводите на јужнокорејскиот сајт The Elec, што ги цитира индустриските извори, најмоќниот модел од Galaxy S30 или Galaxy S21 серијата на Samsung ќе има четири камери на задната страна, вклучувајќи и две телефото камери. Попрецизно, Galaxy S30 Ultra моделот би можел да користи 10MP 3x zoom камера и перископ објектив.
Исто така, се верува дека Galaxy S30 серијата ќе ги отфрли 3D ToF сензорите, за да се направи место за дополнителен телефото сензор. Се очекува дека остатокот од камерите ќе биде ист како кај S20 Ultra моделот, со 108MP главна камера, 12MP ултраширока и 40MP селфи камера.
Во последно време гледаме пораст на бројот на смартфони со две телефото камери, а овој тренд е забележителен во текот на последните 12 месеци. Телефоните нудат можности на зумирање во краток и долг досег.
Xiaomi Mi Note 10 беше меѓу првите што понуди 2x и 3.7x сензори, а потоа му се придружија Huawei P40 Pro Plus (3x и 10x), Xiaomi Mi 10 Pro (2x и 3.7x) и Vivo X50 Pro Plus (2x и 5x).