На интернет се појави рендер кој делумно го открива изгледотѕ на претстојниот смартфон OnePlus 8T.

Првите извештаи говореа дека OnePlus ќе претстави два модела – 8T i 8T Pro, но последните информации говорат дека Pro верзиите нема да се појават или ќе постојат само на одреден пазари.

Како и да е, OnePlus 8T ќе има 6,55-инчен екран со фреквенција на освежување од 120Hz. Се работи за рамен екран што се простира од раб до раб, а одзади има истакнат модул на камерата, слично како кај Galaxy S20.

Наводно OnePlus 8T ќе го има истиот Qualcomm Snapdragon 965 процесор како и OnePlus 8, и покрај тоа што постои посупериорниот Snapdragon 865 Plus.

Уредот ќе биде достапен во две верзии, едната ќе има 8 GB RAM и 128 GB интерна меморија, а другата 12GB RAM и 256 GB простор за складирање.

Смартфонот ќе добие главна камера од 48MP, ултраширока од 16, макро од 5MP и камера за портрет режим од 2MP. Однапред ќе се наоѓа селфи камерата од 32MP.

OnePlus 8T ќе го напојува батерија од 4.500 mAh со поддршка за 64W полнење.