Најновите подобрувања на заштитата на Zoom им ја олеснува на организациите заштитата на корисниците и го соречува кршењето и неовластениот пристап до состаноците.
Ова е најново во сега веќе долготрајната серија подобрувања што Zoom ги направи како одговор на загрижноста околу безбедноста на нивната услуга, чија употреба се засили во текот на карантинот и остана популарна додека милиони луѓе и натаму работат на далачина во текот на пандемијата.
Додавањето на двофакторска автентификација им пружа на корисниците сигурен начин за потврда на идентитетот и заштита од инциденти, пружајќи бројни погодности, како што е намалениот ризик од кражба на идентитетот и нарушување на безбедноста со спречување на злонамерните актери да пристапат до легитимните сметки, подобрена ускладеност со прописите за заштита на податоците на личноста, полесно управување со акредитивите и слично.
Корисниците ќе имаат можност да ги користат аплиакциите за потврда на идентитетот што ги поддржуваат протоколите на еднократна лозинка (TOTP), на пример Google Authenticator, Microsoft Authenticator или FreeOTP, или Zoom да испрати код преку SMS или телефонски повик.