Американскиот дигитален гигант Amazon денеска соопшти дека ќе ангажира дополнителни 100.000 работници во САД и Канада за да бидат во чекор со силното темпо на побарувачката за купување преку Интернет во период на пандемија.
Ова ќе биде четврти циклус на вработување оваа година во најголемата светска интернет продавница, која планира да ангажира работници со полно и скратено работно време во 100 нови магацини и оперативни филијали што ќе бидат отворени овој месец.
На крајот на јуни, Amazon имаше 876.800 работници, не сметајќи ги подизведувачите и работниците на определено време.
Работниците ќе бидат ангажирани за прифаќање, пакување и доставување производи до дома.
потпретседателката Алисија Болер Дејвис рече дека компанијата паралелно воведува и автоматизација во најновите згради.
– Ќе продолжиме да ја применуваме технологијата таму каде што е соодветно и каде што можеме да го подобриме целокупниот тек на работа, рече Дејвис.
Таа истакна дека компанијата, покрај најавените нови 100.000 работни места, ја проценува и потребата за сезонско вработување во текот на зимата.