Во Мостар го загубија трпението, не можеа да дочекаат Елон Маск да го пушти своето футуристичко возило во продажба за кое се очекува да излезе во 2021. година, па решија да направат свое!
Осум месеци и беше потребно на босанската технолошка компанија Stark да го креира своето возило, кое потсетува на Tesla Cybertruck. Сопственикот на оваа фирма, Игор Крезиќ е голем обожавател на Ford и Tesla, па не што зачудува што се одлучи за ваков потфат. Како ознова го земаа камионетот на Ford – F-150, но за разлика од возилото на Маск, ова оди на бензински погон, а не на струја.
„Сите не гледаа, а половина од нив мислеа дека правиме тенк, бидејќи луѓето не знаат што е Cybertruck. Една девојка застана да праша дали е ова местото каде што го произведуваат Tesla Cybertruck“, изјави Марио Чориќ, менаџер на компанијата.
Поради пандемијата на коронавирусот, овој проект бил делумно успешен, а Чориќ посочува дека пробале да го регистрираат ова возило, но налетале на проблем што возилата со вакви наострени рабови, се забранети во оваа земја.
Tesla инаку планира да направи фабрики во Тексас во вредност од 1,1 милијарди долари, што ќе го произведуваат Cybertruck. Почетната цена на ова оклопно возило кое ќе се движи на струја изнесува 39.000 долари.