Компанијата Sony следната недела ќе го претстави новиот флегшип смартфон.

Sony го најави настанот за 17 септември, на кој ќе го претстави својот нов паметен телефон, а тоа најверојатно ќе биде Xperia 5 II.

Во најавата се наведува само датумот на претставувањето со хаштагот #SonyXperia, што говори за каков тип на уред станува збор.

Според досега познатите информации, Xperia 5 ќе има 6,1-инчен OLED екран со фреквенција на освежување од 120Hz, Qualcomm Snapdragon 865 процесор, три задни камери и батерија од 4.000 mAh.

Изгледот на смартфонот е прикажан во промотивно видео, штпо „протече“ на интернет.

Претставувањето на новиот телефон на Sony ќе биде возможно да се гледа на видеосервисот YouTube.

Извор: Klix.ba